Луѓето простуваат лаги, но вистина никогаш!

popara3 мај, 20151min00
25

Дали некој ќе ти прости доколку го нагазиш на чевелот и го направиш со кал?

Секако дека да, бидејќи луѓето простуваат грешки, но дали би ти простил доколку му кажеш дека сам се направил со кал по патот,  не гледајќи каде гази?

Секако дека не.

Дали луѓето ќе ти го простат тоа лажно да, но никогаш нема да ти го простат искреното не?

Секако дека не, бидејќи не размислуваат дали тоа ти одговара тебе, во ушите само им се слуша она гласно не кое довикува од твојата уста.

Како ехо кое им го попречува однесувањето и почитта кон тебе, не те гледаат повеќе со исти очи.

Дали луѓето ќе ти простат ако лажно им кажеш дека ги сакаш?

Секако дека да, бидејќи длабоко во себе знаат дека и тие тебе лажно те сакаат, но дали ќе ти простат ако искрено им кажеш дека ги мразиш?

Никогаш, ќе добиеш непријател за цел живот, а можеби и два.

Дали луѓето ќе ти простат лажен комплимент или искрена критика? Веќе го знаете одговорот…

Дали луѓето ќе ти простат ако ги излажеш?

За ова прашање соодветен одговор е едно големо ДА!

Да, бидејќи лагите се за простување, но вистината е онаа што не може да се прости.

Луѓето простуваат лаги, но вистина никогаш.

Луѓето простуваат лажна љубов, но искрена омраза никогаш.

И за крај, луѓето ќе ти простат се освен успехот, се освен она нивно чувство знаејќи дека си подобар од нив, предобар за нив, не сфаќаат дека тоа со тоа не си простуваат себеси.

Но, на крај не е важно, кој и што ќе ти прости, а што не, кога самиот повторно ќе заминеш, како што си дошол.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma