„Стајлингот ти е катастрофа“! Оваа порака ја упати членот на жири-комисијата на Ѕвездите на Гранд, Аца Лукас.
Тој изборот на облека на една од кандидатките го опиша како голем ужас.
Но, неговите коментари беа благи во споредба со оние на социјалните мрежи.
Црната чипка на голи нозе не изгледаше добро бидејќи девојката има вишок на килограми. Горниот светкав дел и пуштеното парче кај меѓуножјето се виновни за нападите упатени кон оваа девојка.
Она на што никој не можеше да и замери е фактот што ѕвездата пее одлично и преку баражот, влезе во петтиот круг.
Сепак, Зорица Брунцлик и честита на храброста!