
Со луксузна голема кабина и место за 20 патници кои можат да уживаат во стилскиот комфорт, хеликоптерот Bell 525 Relentless најверојатно би ги направил навистина среќни сите оние кои сакаат да летаат со стил.
Производителите на овој уникатен хеликоптер, компанијата “Textron”, допрва треба официјално да ја кажат цената, но познавачите на индустријата велат дека ќе чини околу 15 милиони долари.

Тоа е разумна цена, ако се земе во предвид дека на располагање ќе имате стилски уредена дневна соба која можете да ја однесете каде и да посакате.
Еднаш кога ќе почне да лета, хеликоптерот ќе може да се движи со 280 km/h, а со својот капацитет за гориво од 2.400 литри, ќе може да лета до 925 километри без застанување.






