Маца Дискреција: Работам за да и купам лекови на мајка ми!

popara20 март, 20151min00
2 copy

Одговорниот уредник на телевизијата „Хепи“ Миломир Мариќ дојде вечерва во куќата на реалното шоу „Парови“ за да им постави интимни прашања на учесниците.

Мариќ ја праша Маца Дискреција дали некогаш била со Аца Лукас, а таа одговори:

– Мојата мајка лаже. Јас одев на неговите настапи и се сликав со него, но никогаш не сум била со него. Тоа се лаги.

Босанската старлета првпат отворено зборуваше за тешкиот живот кој го живеела.

– Татко ми никогаш не го запознав. Имав една слика од него кога бев мала, но ја искинав и не се сеќавам на неговиот лик. Тој сега има друга жена и две деца но никогаш не го барав. Ниту тој мене, зборуваше Маца низ солзи, а на прашањето со што се занимава нејзината мајка, старлетата одговори:

– Мајка ми е болна уште од војната. Не поднесува болка. Баба ми ме одгледа. Јас пеам секој викенд да купам лекови за мајка ми и да ги платам сметките и да купам нешто за јадење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag