
Нејзините децении на успех резултираа со мулти-милионски банкарски сметки.

Поради тоа воопшто не тајна дека постојат само неколку работи на светот кои се надвор од купувачката моќ на Мадона. Според TMZ, кралицата на поп-музиката купила пентхаус во облакодерот дизајниран од Richard Meier во Тел Авив, Израел за цена од 20 милиони долари.
Овој популарен сајт за шоубизнис вести открива дека Мадона морала да чека две години за да ги финализира сите детали од купувањето на имотот.

Да, убаво прочитавте, и покрај огромните пари кои ги дава за својот нов пентхаус, сепак пејачката морала да чека две години додека си го добие клучот од својот нов стан.

