Магичен пијалок против подуеност и гасови

popara30 мај, 20151min00
5

Стомачните проблеми како надуеност и гасови најчесто се јавуваат како последица од недоволно изџвакана храна како и од одредени намирници богати со јаглехидрати и лактоза. Меѓутоа постои пијалок кој ќе ви ги реши проблемите.

Многу зачини и растенија го олеснуваат варењето, па на луѓето со вакви проблеми им се препорачува почесто да ги користат. Тие го потикнуваат создавањето на ензими што од своја страна го подобрува варењето на храната, а помеѓу нив се истакнуваат следниве: ѓумбир, нане, мајчина душица и др.

За да се засили нивното дејство треба да се комбинираат со камилица, а ако на тоа додадете и јогурт со пробиотици заедно со парчиња ананас кој е богат со ензими, ќе направите пијалок кој ќе ви го олесни варењето на храната и ќе ги елиминира симптомите како надуеност и гасови. Еве го рецептот кој ќе ве ослободи од проблемите со варењето на храната:

1 филџан ладен чај од камилица,

1 филџан јагоди,

1 филџан парчиња ананас,

300 мл јогурт со пробиотици,

1 лажица мед,

1 филџан коцки лед.

Се заедно измешајте во блендер се додека компонентите добро не се соединат, а потоа уживајте во вкусниот и лековит пијалок.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag