Мајката на убиената лекарка: Беше пред венчавка, но бесмилосно ја застрела

popara13 март, 20151min00
2

Нејзината ќерка, докторката Душанка Андреевиќ (29), пред две ноќи на работното место во здравствениот центар во Зубин Поток беше убиена од поранешен дечко Немања В. (28). Мајката вели дека  Душанка ја прекинала врската со Немања повеќе од две години. Неодамна, нејзината ќерка изјавила дека сакала  да се омажи за сегашниот дечко Дејан, возач во брзата помош.

– Душанка живееше во Митровица, а доаѓаше секој месец. Таа беше со нас минатата недела, од понеделник до четврток. Токму таа недела некако често ме прегрнуваше, повеќе од вообичаено и ми рече дека ме сака најмногу. Пред некој ден ми се јави и ми рече – Го сакам Дејан, сакам да се омажам за него и и да си имаме дечиња- се сеќава мајката Радмила Андреевиќ.

Младата лекарка не кажувала на  нејзините родители дека Немања и се заканувал, демнел и психички ја малтретирал . Меѓутоа, само во една прилика признала дека  и испраќал вознемирувачки пораки и постојано ја барал на мобилен телефон.

–  И реков дека ќе дојдам , но таа беше решителна дека нема потреба – рече мајката.

Меѓутоа, мајчиниот  инстинкт и зборувал постојано  дека нешто не е во ред, иако сега мртвата ќерка постојано ја уверувала во спротивното.

– Почувствував дека нешто се случува.Тоа не ми излегуваше од глава. Постојано ме измачуваше. Нешто длабоко чувствував дека моето чедо не е безбедно, затоа и постојано се слушавме. Се слушнавме и  ноќта пред  убиството, околу 20.30, раскажува низ солзи мајката Радмила … Разговаравме за вообичаени работи. А потоа, околу 21:45 часот  дојде кај нас  зетот Владо. Рече Душанка била застрелана, не е добро.

Откако го запознала Немања почувствувала веднаш некоја одбивност.

– Додека се забавуваа го запознав Немања. Само се поздравивме, но веднаш потоа ја предупредив дека има нешто кај него што не ми се допаѓа. Ја прекинаа врската веднаш по нејзиното дипломирање. Потоа таа се вработи како лекар и оттогаш поминаа две години. Оваа година чекаше постојано вработување и планираше да си се венчаат со Дејан. Беше навистина среќна – зборуваше неутешената мајка исполнета со болка.

Инаку, Душанка Андреевиќ денес беше погребана на гробиштата во Ниш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag