Фотографката Нили Кер Фокс долго после породувањето се борела да ги прифати промените на своето тело. Знаејќи колку е тежок тој процес, се одлучила да им помогне на жените, охрабрувајќи ги да застанат пред нејзиниот фотоапарат само во долна облека.
После раѓањето на второто дете, Кер Фокс не можела да го препознае својот одраз во огледалото, но сфатила дека нема поента да губи време на жалење за своето тело, бидејќи постојат поважни работи – да ужива со децата додека се мали.
За да им покаже на жените дека “лузните” од мајчинството треба да се слават, ги повикала жените да се ослободат и да позираат за нејзиниот проект “Perfect Imperfections”.
Одѕивот бил одличен, а некои од жените одлучиле да позираат со своите деца, додека други сами застанале пред објективот.
роектот на жените им овозможи да се соочат со своите несигурности и да ги прифатат своите тела.
“После снимањето почувствував самодоверба која не сум знаела дека ја имам, а на фотографиите видов повеќе убавина отколку што очекував”, вели една од учесничките.