Пејачката позната по својот бурен начин на живот, провокативно облекување, но и по врските како со мажи, така и со девојки, Мајли Сајрус, изјави дека е пансексуалка.
– Многу сум отворена во тој поглед. Јас сум пансексуалка, но не сум во врска. Имам 22 години, излегувам, но го менувам стилот на секои две недели, како и лицата со кои сум во врска, изјави пејачката во интервју за британскиот магазин „Ели“.
Иако не е ништо ново, сепак терминот „пансексуалност“ на многумина не им е познат.
Станува збор за сексуална ориентација слична на бисексуалност, но пофлексибилна.
Имено, пансексуалците можат да уживаат во разни видови сексуалност и во врски со мажи, жени, трансродови, андрогини и родово неопределени лица.
Омнисексуалност или пансексуалност е случај кога на една личност воопшто не и е важен полот и таа не верува во полови и родови разлики.
Терминот пансексуалност води потекло од грчкиот збор пан што значи „се’ “.
Тоа значи дека пансексуалците/омнисексуалците чувствуваат сексуална привлечност кон сите полови и не е исто што и бисексуалноста која се ограничува само на два(би).