
Мамо,
Утрово го прочитав твоето писмо и цел ден ми беше криво.
Би сакал да ги одберам за тебе оние зборови кои би можела да ги чуеш и разбереш правилно.
И сфатив дека единственото што сакам да ти го кажам е – посакувам да бидеш среќна. Едноставно среќна. Нели под сите твои начини да ме направиш успешен се крие твојата желба за мојата среќа?
А тоа не е во успехот, добрите оценки или почитувањето на јавните стандарди. Среќата е самиот на себе да си бидеш прифатен, спокоен, мирен…
Мамо, на децата на несреќни родители им е тешко да бидат среќни, разбираш ли?
Те гледам секој ден дека одиш на работа која не ја сакаш, како скиташ низ лавиринтите на конфликтите со тато, твоите сопствени стандарди да си успешен и да одговориш на социјалните барања одземаат огромно количество од твојата сила и сосема не ти носат среќа и радост.
Ти не се смееш, напната си, а очите не ти блескаат и се сеќавам како се стресувам само од една твоја тешка воздишка. А ти воздивнуваш често, мамо. Ако на мама и е толку лошо, што да кажеме за мене, нејзиниот син?
Ако мама е голема, силна и едвај се држи на нозе во овој одвратен свет, тешко и е да биде среќна, убава, позитивна, тогаш што да речеме за мене? Уште мал, незакрепнат, кој воопшто не ги разбира патиштата во животот.
Паметам како трчам кон тебе, мамо. Радосен сум исполнет, возбуден. Чувствувам во мене бран на среќа. Јас сум целиот жив во овој момент … И се сретнувам со твојот поглед, твојот од, задоцнетите движења и веќе знам што ќе кажеш … Од твоите зборови целата оваа убавина внатре во мене драстично се гасне.
Јас секој пат заборавам такви случки и повторно трчам кон тебе, преполнет од среќа, живот и инспирација. Но секој пат кога ќе го сретнам студот и заморот, преземам дел од правилата на играта и почнувам да се прилагодува според нив.
Се обидувам да се придржувам на правилата. Секој пат – повеќе и повеќе. И станувам како големите – погледот ми бледнее, чувствата ми се пригушуваат и животот престанува да изгледа како една огромна можност.
Се претвора во шаблони и рамки, кои треба да бидат пополнети.
Па, тоа веќе и ти самата го знаеш, мамо. Затоа ќе запрам тука. Ќе ти повторам уште еднаш, мила моја мамо, сакам да бидеш среќна. Не знам што ќе те направи среќна, тоа го знаеш само ти самата. Омилена работа, маж … ти знаеш најдобро. И не е важно колку години имам – 2, 5, 10, 13, 20 … Ако сакаш да ме видиш среќен, те молам доближи се до огледалото, погледни се во очите и искрено одговори на прашањето: среќна ли сум? И ако одговорот е не, сети се, мамо, дека на децата на несреќните родители им е многу тешко да бидат среќни. Разбираш ли?
Децата на среќните родители имаат повеќе сила да се справи со тешкотиите. Со сите тешкотии.
Мамо, твојата лична среќа е највредната инвестиција во мојата иднина.
Те сакам, мамо. Обиди се да бидеш среќна.
Твојот син.