
Ако имате хронични болки, слободно пушете марихуана и ќе ви биде многу полесно – порачуваат канадските научници.
Канадскиот тим ги објави резултатите од истражувањето за влијанието на медицинската марихуана врз личностите со сериозни хронични болки. Студијата открива дека пациентите кои секојдневно користеле канабис во периодот од година дена немале сериозни нус појави во однос на контролната група која не користела марихуана.
Истражувањето ќе послужи како прв сериозен научен извештај за предностите на долготрајното користење на медицинската марихуана.
“Ова е првата и најголема студија за долготрајноста на користењето на медицинскиот канабис кај пациентите кои патат од хронични болки”, истакнува главниот автор на истражувањето, Марк Варе.
Научниците открија дека медицинската марихуана која ја користеле пациентите кои се искусни има “разумен безбедносен компромис”, односно дека не влијае на општото здравје. Пациентите во просек користеле по 2,5 грама канабис дневно, било по пат на пушење, испарување или орално.
Научниците не пронашле докази за штетни влијанија на марихуаната на когнитивните способности ниту било какви проблеми во тестовите на крвта. Забележано е значајно намалување на нивото на болка како и поправање на расположението и подобар квалитет на живот кај оние кои користеле медицинска марихуана во однос на остатокот од контролната група. Истражувачите истакнуваат дека пациентите доброволно се согласиле и дека кај поголемиот дел за искусни корисници.