Марк Цукерберг и Присила Чен го подаруваат своето богатство во добротворни цели

popara2 декември, 20151min00
10
Сопственикот на Фејсбук, Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чен соопштија дека ќе подарат 99% од своите акции во оваа компанија во добротворни цели.

Тие оваа вест ја соопштија која го објавија раѓањето на нивната ќерка Макс.

Цукерберг во соопштението кое го објави на Фејсбук наведе дека ќе го подари богатството бидејќи сака светот да биде подобро место во кое ќе живее Макс.

„Макс, ти посакуваме живот исполнет со љубов, надеж и радост кои ти ни ги даваш нам. Едвај чекаме да видиме што ќе му дадеш на светот“, се наведува во постот на Фејсбук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *