Кога некоја жена ќе го повреди мажот, тагата, разочарувањето и солзите сигурно нема да ги подели со останатите припадници на посилниот пол.
Од друга страна жените во тој поглед се поотворени една спрема друга.
Причина за ваквото однесување на мажите односно жените е хормонот вазопресин кој се излачува во задната половина од хипофизата.
Поради овој хормон машките потешко ја доживуваат комуникацијата со своите другари додека пак кај жените е обратно.
Ваквиот факт значи дека машките ќе тагуваат подолг временски период и автоматски поради тоа повеќе ќе патат.
Исто така тазе разведените мажи ќе имаат послаб имунитет од оние кои се оженети.
Иако на прв поглед не изгледа така, се чини дека жените многу побрзо ги преболуваат раскините.