Наједноставните решенија често даваат најдобри резултати. Еве ви неколку совети кои ќе ви помогнат да имате сјајна и цврста коса.
Подмладување: За да ја обновите косата потребни ви се само неколку состојки: маслиново масло, мед и капа за бањање. Измешајте две лажици маслиново масло со една лажица мед. Ставете ја смесата во пластична кеса и врзете ја, а потоа ставете ја кесата во чаша со топла вода. Кога смесата ќе се загрее, нанесете ја на вашата коса и масирајте го скалпот. Потоа ставете пластична капа за бањање и оставете ја маската да отстои 15 минути. Исплакнете ја косата со млака вода и ќе забележите дека вашата коса е убава и сјајна.
Првут: Сите ние понекогаш забележуваме малку повеќе првут на скалпот, како резултат на сува и иритирана кожа на скалпот. Наместо да купувате специјални шампони против првут обидете се да го решите проблемот со вода и оцет. Измешајте една чаша вода со една четвртина чаша оцет. Нанесете на косата откако сте ја измиле и исплакнете повторно. Не грижете се, мирисот на оцет нема да се задржи.
За сјајна коса: Медот е неверојатно ефикасен кога станува збор за убавината на косата, ие ден од најголемите сојузници за сјајна коса. Растворете една лажица мед во четири чаши топла вода. Ставете ја смесата на влажна измиена коса. Изцедете ја косата со раце, без да ја изплакнете, па нежно тријте ја со пешкир за да се изуши.