
Разводите во Холивуд на некој начин станаа секојдневна работа. Сепак, сето тоа изгледа полошо затоа што некои од тие бракови „издржаа“ повеќе од 10 години.
Меган Фокс и Остин Грин не се повеќе во брак. Американските магазини пренесуваат дека нивниот брак и официјално е „готов“. Меган Фокс документите за развод ги предала уште на 15-ти мај, а нивните пријатели велат дека Фокс и Грин едноставно „не се согласувале повеќе“.

Меган се насочила исклучиво кон нејзината кариера и сè помалку време поминувала со својот сопруг, а тоа многу му пречело на Остин Грин.
Сепак, американските магазини пренесуваат дека Фокс и Грин се развеле во доста „пријателска атмосфера“. Тие наводно тврделе дека и натаму ќе бидат пријатели и ќе функционираат како семејство, најмногу поради нивните деца.