Откако два пати беше заборавен од своите родители на Божиќ, Кевин Мекалистер од „Сам дома“, останува трауматизиран засекогаш. За среќа, ние гледачите никогаш не видовме како емиционален белег оставија овие случувања за малиот немирен јунак, барем се до сега.
Музичарот Џек Дишен ја објави својата нова веб серија “DRYVRS” во кој конечно ќе видиме „во што порасна најслаткиот осум годишен неранимајко“. За жал, резултатот не е најубав.
“DRYVRS” всушност е онлајн серија со кратки епизоди, во кои протагонистите се возат наоколу со кола, а во првата епизодата тоа е сега 35 годишниот Мекалистер, игран од оригиналниот Мекалкин, кој е претворен во непредвидлив прихопат.
Во текот на 2016 година ќе бидат објавени повеќе епизоди од “DRYVRS”, кои ќе можете да ги следите на Јутјуб страна на Дишел.