Норманд Хоџис (78) е пензиониран агент на ЦИА, кој пред три седмици открил дека лично ја ликвидирал Мерлин Монро.
Хоџис, кој е тешкоболен, а бил професионален убиец, признал дека убил уште 37 лица служејќи на државата.
Хоџис, кој за ЦИА работел 41 година како „чистач“, односно професионален убиец, тврди дека бил ангажиран да ги ликвидира сите оние, за кои агенцијата сметала дека претставуваат опасност по државната безбедност.
Инаку, Хоџис бил снајперистот и експерт по борачки вештини, и вели дека усовршил неколку неконвенционални видови ликвидација, вклучувајќи и работа со експлозив и труење.
Тој иако е во години, тврди дека многу добро ги памти сите убиства кои ги извршил. Неговите жртви настрадале во САД, а наредби за ликвидации добивал од мајор Џејмс Џими Хејворт.
Тој се колне дека сите убиства ги извршил во периодот од август 1959 до март 1972 година, според посебна агенда на ЦИА која важела во тоа време.
– Мерилин Монро на мојот список е единствена бидејќи е единствената жена која сум ја ликвидирал. Кога стана опасна по безбедноста на САД, мораше да биде елиминирана. Имавме докази дека Мерилин Монро, освен со Кенеди, спиела и со Фидел Кастро – рекол овој платен убиец на ЦИА и додал дека не се кае поради тоа убиство.
– Мојот шеф Џими Хејворт ми рече дека таа мора да умре, а дека тоа треба да изгледа како самоубиство или предозираност со лекови. Никогаш порано не сум убил жена, но ја прифатив наредбата. Тоа го направив за Америка! Таа можеше да пренесе доверливи информации до комунистите, а тоа не смеевме да го дозволиме! Таа мораше да умре, а јас само ја извршив мојата должност – вели овој професионален убиец.
За потсетување, Мерилин Монро умрела ноќта на 5 август во 1962 година, помеѓу полноќ и еден часот наутро. Хоџис се колне дека лично влегол во нејзината соба додека спиела, и во вените ѝ инјектирал голема доза хлорхидрат помешан со „нембутал“, што било смртоносен микс за актерката.