
ОВЕН – Сонцето влегува во вашиот знак на 20 март, а таму веќе се наоѓаат Венера, Марс и Уран. И месечината ќе влезе во тој период од месецот, што носи гужва од планети. Тоа за вас лично ќе значи големи активности, бројни ангажмани, дружби, исполнувања. Почнувајќи од 3 и 4 март, кога ве очекува настан поврзан со пари и/или партнер, други луѓе, забава, па преку настаните околу 11 март, поврзани со родител, работа, претпоставени лица, до настаните пред крај на месецот, околу 25 март, кои ќе се однесуваат на контакт со странци и/или високо образование, адвокати и слично, вие навистина нема да се досадувате во наредните 30 дена. Целосното помрачување на Сонцето ќе се случи на еден степен пред вашиот знак. За вас може да донесе „олабавување или добри вести пред исполнување“, што и да значи тоа за вас.
БИК – Венера влегува во вашиот знак на 17 март, а Марс на 31 март. Тоа се за вас првите планети кои ја најавуваат „пролетта во вашиот живот“. Ќе бидете енергични, полни елан и волја да завршувате сè што ќе треба да се сработи, било на работа, во врска со учење или пак по дома. И за дружба со пријателите ќе наоѓате време, иако повеќето средби ќе бидат во затворен простор, со малкумина, или пак тајни на свој начин, односно нема да сакате да зборувате со кого и каде сте биле, посебно кон крајот на мсецот . Сатурн тргнува ретроградно на 14 март, а за вас тоа ќе значи дека дојде време за враќање на долговите, вие кон некого или некој кон вас. Целосното помрачување на Сонцето за вас ќе донесе промена во кругот на пријателите, а тоа вклучува оддалечување од едни, но и повторно зближување со некои од заборавените.
БЛИЗНАЦИ – Ако сте сами, очекувајте во мислите да ви се појават сеќавања, но и желби поврзани со некој бивши партнер/ партнерка. Можеби не само во мислите, туку и навистина ќе стапите во контакт со некој од вашето минато. Ова може да доведе до нервозни ситуации, посебно ако поради некоја причина, сметате дека таквиот контакт треба да го криете од очите на јавноста. На работа внимавајте да не потпишете нешто што подоцна ќе излезе како грешка. Со парите, стабилно, а со пријателите ќе ви е активно. Посебно ако учествувате во некакви групни активности, во деновите после 4 март па натаму можна е ненадејна промена, која ќе ве направи нервозни, но и посигурни во делот во кој учествувате.
РАК – Вашиот владетел Месечината ќе учествува во помрачувањето што се случува на 20 март. Тоа не може а да не ве допре и вас на свој начин, драги Ракови. Ќе се однесува на стекнување самодоверба поврзана во контактот со странци, или лица кои се од областа на правото, школството, религијата и издаваштвото. Што и да биде од наведеното, скоро потоа ќе почувствувате дека работата и кариерата ви зависеле од тие совети и контакти. Ваквите совети и контакти ќе се актуелни во текот на целиот месец. Можно е дека некои постапки и активности ќе морате да ги повторите. Венера влегува во вашето поле на пријатели, надежи и групни активности. Тоа ќе ви донесе дружење со многумина, пријателски ќе сте настроени кон сите, а и другите кон вас, ќе имате полза од другите, а можно е и да се заинтересирате за личност од спротивниот пол што ќе го/ја сретнете во некоја од тие групи.
ЛАВ – Во најголем дел од месец март ќе се занимавате со странство. Ако немате никој таму, или странец овде, тогаш ова може да се однесува на контакти со адвокати, судски процеси или дури и факултет и лица поврзани со високото образование. Што се однесува до љубовта, ве очекуваат контакти со некој од вашите бивши партнери/ партнерки или симпатии. Ако се смирувате со некој таков, тогаш бидете сигурни дека стабилноста на врската ќе треба да ја воспоставите до крајот на летото, во спротивно врската нема да опстои. И вие што сте веќе во врска ќе имате контакт со некој/а од бившите партнери. За пари, во деновите околу 18 март ќе треба да повнимавате каков договор потпишувате. Многу е можно дека дел од условите нема да ви биде кажан или сосема јасен, па поради тоа подоцна ќе се најдете во неприлика.
ДЕВИЦА – Партнерски односи, било љубовни или за работа ќе ви бидат актуелни во текот на март. Можна е чудна средба или средба со чудна особа, која ќе ви остане во мислите подолго отколку што би требало. За некои од вас, ова ќе е период на давање збор, започнување живот заедно, како и планови за венчавка и/или уредување на заедничкиот простор. Во врска со парите, ѕвездите ве советуваат да не избрзувате со позајмици: ќе се најдете во ситуација да не знаете како да ги вратите. Доколку некој ви должи или вам ви наплаќаат долг, тоа ќе оди изненадувачки брзо и ефектно, посебно што е можно однесувањето на тој што наплаќа да биде нервозно, авторитативно или заканувачки.
ВАГА – На почеток на месец март ве очекува некакво губење или давање, што и да значи тоа за вас. Во најдобар случај, можно е вложување со идеја за понатамошна полза. Другите луѓе ќе играат голема улога во она што ќе ви се случува: ќе ве поттикнуваат на активности и делување, или пак ќе ве спречуваат во дел од нив. Можно е голем дел од настаните да ви ги креира некој друг, а вие само пасивно да учествувате во сето тоа. Што се однесува до љубовта, внимавајте на зборовите и импулсивните реакции, бидејќи нема да се соодветни во овој период. Таквите реакции би можеле да го оддалечат вашиот партнер/ партнерка од вас. Посебно значајни денови по ова прашање се 4 и 11 март.
СКОРПИЈА – Секојдневните обврски толку многу ќе ви се натрупаат, што ќе ве фаќа нервоза. Истите аспекти носат и занимавање со здравјето, па ако се појават симптоми за болест, не одложувајте ја средбата со лекарите. На работа активно, можно е да добиете и некакво признание, или пак да бидете пофалени каде што треба, односно каде што вам ќе ви значи. За пари, ова е месец кога парите што доцнеле ќе ви бидат исплатени. Целосното помрачување на Сонцето за вас ќе значи голема ангажираност на некое креативно поле, спорт, уметност, па дури може да донесе и занимавање со деца или бременост. Ова подразбира дека што и да е актуелно за вас од погоре наброените работи, ќе ве окупира повеќе отколку желбата да шетате по кафулиња.
СТРЕЛЕЦ – Домашните ситуации ќе ве преокупираат, и ќе треба нешто да решавате во врска со нив. Можно е да преуредувате по дома, и ако е тоа вашиот случај, нешто нема да тече лесно. После 20 март, забава и дружби ќе бидат во центар на вашиот интерес. Нема да сакате да седите дома, или пак ако веќе сте дома, ќе сакате да биде тоа со интересни луѓе или со љубовниот партнер/ партнерка заради конкретни активности, но не и романтика. Со парите ќе располагате мудро, а работата често ќе ја довршувате од дома. Умот ќе ви биде активен, и често ќе иамте потреба да дискутирате за темите кои ве окупираат.
ЈАРЕЦ – Подгответе се за многу обврски, активности кои ќе се повторуваат, нервози кои ќе се актуелни со месеци, како и давање на пари. Настан поврзан со поголема сума на пари кои ќе треба да ги дадете или земете, ве очекува во деновите 5 и 6 март, а од 14 март па сè до крајот на јули, трошоците ќе се зголемуваат. Многу е веројатно дека кога ќе заврши летото и ќе поминат ваквите активности, вие нема да сакате да се сеќавате низ што сè поминавте. Во деновите пред и после целосното помрачување на Сонцето, очекувајте недоразбирања поврзани со договори , планови и активности за некаква селидба или околу поделба на обврските по дома. Откако ќе зарши помрачувањето, нештата ќе тргнат на добро, иако опасноста што лежи овде е да станете премногу самодоверливи и сигурни. Деновите околу 4 и 11 март ве очекуваат непредвидливи настани поврзани со љубов, а во деновите околу 18 март не потпишувајте ништо.
ВОДОЛИЈА – Овој месец за вас ќе бидат актуелни парите, некоја давачка која ве очекува или за која собирате пари да ја исплатите, но и пари кои треба да ги вложите, да ги земете или да ги позајмите, посебно околу 20 март. Цел месец ќе бидете активни, и често ќе имате потреба од излегување, одење некаде, разговори, преговори и договори. Другите или некој конретно, ќе играат важна улога во еден период од месец март, посебно ова ќе е нагласено во деновите околу 3, 10 и 28 март. Вашиот владетел Сатурн тргнува во ретроградно движење на 14 март, и така ќе биде сè до крајот на јули. Тоа вам ќе ви ја активира куќата на пријатели, надежи и групни активности, или со обични зборови: ќе се случи некаква промена на тоа поле.
РИБИ – Целосното помрачување на Сонцето кое ќе се случи на 20 март, ќе биде во последниот степен од вашиот знак. Помрачувањата секогаш носат промени кои требало да ги направите од порано, но не сте ги направиле. Сега дошло време да се посветите на тоа, а ќе имате пред себе цели две години. Се разбира дека сите ние сакаме да не менуваме ништо, посебно кога сме се навикнале на ситуациите, луѓето, местата, настаните кои ни се случуваат, и се јавува внатрешна потреба да се задржи она кое заминува. Но животот не е статус кво, па ќе мора да го оставите она што заминува од вас, или да дозволите една врата да се затвори, и да се посветите на новото што се појавува од вратата што сега ви се отвора, а која нуди подобри можности. Во деновите околу 18 март, ќе се двоумите кој правец да го фатите.