Повеќето научници не ни веруваат во хороскоп, но едно ново истражување покажува дека месецот на раѓање може да ги покаже вашите здравствени проблеми. Научниците од универзитетот во Колумбија ги споредија датумите на раѓање и медицинските податоци на 1.7 милиони пациенти помеѓу 1985 и 2013 година. Во просек тие разгледале 1.688 болести.
Истражувањето опфатило повеќе од 1600 поврзувања помеѓу месецот на раѓање и ризикот од болести, но податоците потврдиле 39 врски меѓу месецот и болестите.
Па така, ако сте родени во зима (периодот меѓу јануари и март) може да имате зголемен ризик за кардиоваскуларни болести и помал ризик за невролошки, респираторни и репродуктивни болести. Ако сте родени во есен (периодот меѓу октомври и декември) имате помал ризик од кардиоваскуларни болести, но поголем ризик од невролошки, респираторни и репродуктивни болести.
- Јануари:
Висок крвен притисок
Срцеви заболувања - Февруари:
Малиген тумор на бели дробови или на бронхиите
Давење - Март:
Срцеви болести
Проблеми со циркулацијата - Април:
Болки во гради
Болести со срце - Мај:
Нема болести - Јуни:
Болки во гради
Астма - Јули:
Нема болести - Август:
Инфекции со очите - Септември:
Респираторни инфекции
Инфекции на уши
Треска
Астма
Психолошки нарушувања
Компликации при бременост и раѓање - Октомври:
Инфекции на белите дробови и респираторниот систем
Суво грло
Вирусни инфекции
Подложни на убоди од инсекти
Далековидност
Тешки периоди
Стомачни проблеми
Постнатална депресија - Ноември:
Вирусни инфекции
СИДА
Проблеми со цревата
Потешкотии при зачнување
Зависност од апчиња против болки
Вагинални проблеми
Дијареја
Ангина
Потешкотии - Декември:
Модринки
Научниците сметаат дека големо влијание имала средината додека жената била бремена, која може да влијае врз имунолошкиот систем. Сепак, потребни се подетални истражувања за откривање на повеќе болести. До тогаш, научниците не можат да кажат дали месецот на вашето раѓање влијае врз здравјето или не. Со други зборови, ако сте родени во месец со помал ризик од болести, не значи дека може да јадете што сакате и да не вежбате, а тоа да не се одрази на вашето здравје.