Мила ретко се појавува во јавност, а обично преферира лежерни изданија составени од кошули, фармерки и сандали без високи потпетици.
Таа во едно вакво издание се прошета во сончевата Калифорнија заедно со нејзиниот сопруг Ештон Кечер.
Американската актерка Мила Кунис за прошетка со нејзиниот сопруг избра долги скинати тексасни шорцеви во комбинација со бела кошула без ракави кои ги носеше со рамни сандали и коса врзана во едноставна пунџа. Згодната мама на деветмесечната ќерка Вајат Изабел во слободно време избира удобни и лежерни комбинации, но и природен изглед без шминка на лицето. Погледнете!