Милионер открива зошто не сте/сме богати

popara7 октомври, 20151min00
16

Тоа што ги разликува исклучително богатите луѓе од просечните лежи во менталниот склоп. Богатите луѓе најчесто размислуваат поинаку, се однесуваат и одбираат поинаку од нас. Во делото “Тајните на умот на милионерите“, авторот Т.Харв Екер вели дека постои само една на прв поглед безопасна навика која ја имаат “обичните“ луѓе, а од која богатите се ежат, а тоа е дека сакаме да се жалиме. 

-Да се приговара за се е сигурно најлошата работа која можете да му ја направите на вашето богатство, Бизнис Инсајдер ги пренесе зборовите на Екер. Тој имено тврди дека приговарањето не наведува да се фокусираме на тоа што не е добро во нашите животи, наместо времето да го користиме да се концентрираме на она што може да успее и дека всушност позитивните работи привлекуваат позитивни резултати.

-Кого постојано се жалите, како да ги повикувате негативните работи во вашиот живот, смета тој, а уште нешто што влијае на нашиот финансиски успех е опкружувањето, поточно – пријателството и врските кои ги имаме.

Стив Сиеболд, кој интервјуирал повеќе од 1200 богаташи, заклучил дека богатите се далеку повнимателни во изборот на луѓето со кои се дружат и дека тие избори имаат влијание врз нивното богатство.

Екер има сличен поглед кога зборува за негативната енергија која ја привлекуваме кога се жалиме, бидејќи не можеме да останеме позитивни доколку сме опкружени со луѓе кои постојано се жалат и на кои “се им е тешко“. Исто така, со време се навикнувате на тој начин на размислување и лесно може да се фатите како и самите чекате на вашиот ред за да почнете со своите приговори за сопствениот живот.

-Тоа е кругот во кој лесно се влегува, заклучува Екер и ни порачува дека доколку ни треба финансиски пресврт и сакаме да напредуваме, треба веднаш да прекинеме да се жалиме.

-Морате да ги одбирате своите мисли и зборови и постојано спомнувајте си дека самите го креирате вашиот живот, смета Екер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *