Милионерка од Кина посвои 75 сирачиња

popara22 јуни, 20151min00
13

Ли Лиџуан од Кина ги засени Ворен Бафет, Бил Гејтс и нивната иницијатива The Giving Pledge.

Не, таа не донираше милијарди долари, но она што го направи, се гледа многу ретко. Која е таа? Лиџуан има стекнато пари во 80-тите години од правилна инвестиција. Во 1994 година започнува да им помага на сирачиња. До денес таа има посвоено 75 деца. За жал, една од нејзините инвестиции се покажува како многу неуспешна и  резултира со загуба на сите нејзини средства.

Таа сепак продолжува да се грижи за 75-те деца и денес има долгови во износ од 300 000 долари. Жената го продава стекнатиот имот, за да може да се грижи за децата. Строгите закони за посвојување во Кина не и дозволуваат да се откаже од некои од децата и да ги даде на други посвоители. Одгледувањето на 75 деца не е воопшто лесно само по себе, но задачата на Лиџуан е уште потешка, бидејќи многу од децата се со болести и посебни потреби, па имаат нужност од многу трошоци за лекување.

ch1(31)

Лиџуан денес има 46 години. Првиот посвоен сирак е момче од провинцијата Сишуан. Тоа се случува во 1994 година. Денес некои од најголемите деца се веќе полнолетни и работат. Лиџуан има и едно биолошко дете – син по име Ксиаоуен, со кој не негува добри односи. Причината е тоа што во 2004 година тој доживеал несреќа за време на инцидент и го повредил ‘рбетниот столб, па му била потребна операција. Лиџуан не го посетила својот син во болницата тогаш, бидејќи била зафатена со посета на едно од посвоени деца во друга болница. Тоа предизвикало депресија кај момчето и од тогаш наваму двајцата не одржуваат контакт. Тој најверојатно не е среќен ниту од фактот колку е мајка му задолжена поради грижата за неговите 75 браќа и сестри.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag