Кралицата Би и Кралицата Ники ги здружија силите и на платформата TIDAL го објавија видеото за заедничката песна “Feeling Myself”.
Славните девојки освен музичкиот талент ги покажуваат и своите разголени секси облини додека јадат хамбургери, се забавуваат на Кочела и се „пукаат“ со пиштоли на вода.
Песната е напишана од Минаж, Бијонсе, SZA и Hit-Boy, продукцијата е на Бијонсе и Hit-Boy, a дел e од албумот “The Pinkprint” кој Минаж го издаде во декември минатата година.
TIDAL е музичка платформа на Џеј Зи, која немаше некој поголем успех, па можеби овој потег ќе и донесе малку поголема популарност.