Mислел дека ќе умре сам на островот, а потоа добил идеја која му го спасила својот живот!

popara24 август, 20151min00
ostrvo-sos-help-foto-queensland-police-1440361297-725269

Џеф Киз (63) се обидел по краток пат да се врати назад кон кампот во националниот парк Жардин, северно од Квинсленд во Австралија.

Британскиот турист е спасен по дводневните лутања по австралиската дивина, благодарение на фактот што спасувачите го забележале она што напишал на песокот на брегот на реката.

Џеф пробал да се врати по краткиот пат, но се изгубил два цели дена, талкал гол, бос и без храна.

Првиот ден одел по шумата до 2 часот наутро, а потоа заспал. Кога се разбудил одел по течението на реката на 30 степени, а потоа го слушнал хеликоптерот. Претпоставил дека него го бараат.

Потоа тој добил идеја – да напише нешто на песокот. Таа гласела: “Помогнете 2807”, а додал и стрелки. Сепак, ништо не се случи, па морал да помине уште една ноќ сам во пустината. Вториот ден околу пладне повторно слушнал хеликоптери.

Во еден од нив бил поручникот Бред Фоут кој забележал порака, но не се спуштиле веднаш, летале уште 6 километри, а потоа одлучиле да се вратат. На крајот од пораката во песокот го виделе Џеф мавтајќи кон нив.

,,Скокнав како лудак, мавтајќи со шеширот кон нив “, рече и додаде” Се чувствував глупаво, но среќен “, јави Скај њус.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag