
Ако сакате да влезете во вода и безгрижно да се капете, тоа не можете да го правите во Амазон. Тоа го покажува видеото кое го направиле и на Јутјуб го поставиле бразилски рибари. На него се гледа како јато пирани во рок од неколку секунди јадат парче месо.
Во водите на Амазон, капењето е многу опасно. Снимката која е поставена на Јутјуб, а која прикажува неколку десетици пирани како јадат парче месо, доволно е страшна да ве преплаши и никогаш да не влезете во оваа река.
Снимката која на Јутјуб е поставена пред четири дена веќе има над милион прегледи.