Мистер Бин ја оставил сопругата за двојно помлада љубовница

popara15 ноември, 20151min00
10
Роуан Аткинсон од денес и официјално е слободен човек, откако судот во забрзана постапка и официјално ставил крај на неговиот брак со сопругата Сунетра по 24 години, пишуваат британските медиуми.

Разводот бил одобрен на основа на “неразумно однесување”, а рочиштето траело пократко од една минута. Никој од сопружниците не бил присутен на суд.

Славниот комичар и актер, 60-годишниот Роуан Аткинсон, минатата година ја оставил сопругата со која има и две возрасни деца, и тоа поради 32-годишната комичарка Луиз Форд, со која сега е во врска.


“Сунетра беше многу вознемирена што ја заменил со толку млада жена”, вели изворот.

Роуан и Сунетра се запознале во 80-тите години, а се венчале во 1990. година.

Во моментите на развод, парот сè уште ја градел куќата во Оксфордшир вредна 11 милиони фунти, а сè уште не е познато на кого таа ќе припадне.