Ако имате по некој крив заб или флека од кариес, а сакате на некој важен настан да имате убава насмевка и бели заби, ова ќе ви помогне да ги скриете недостатоците – навлака за заби.
Иако е веќе тренд во светот, кај нас се споро доаѓа, па така и оваа навлака за заби.
Сигурно гледајќи телевизија ви направила впечаток преубавата насмевка и заби на некоја водителка, но не веруваме дека сите тие имаат така убави заби и дека пред емисија не се напиле кафе или цигара. Мистеријата е разрешена. На запад има нов тренд – навлака за заби, изработена од различни материјали. Како што гледате на сликата, навлаката само се поставува врз забите и тоа е се. За само неколку секунди добивате убава насмевка, бели заби и гламурозен сјај.
Накратко, потребно е само стоматологот да земе мерка и да се изработи навлаката. Потоа, таа се користи повеќекратно, всушност секогаш кога ќе сакате да имате преубава холивудска насмевка. Пример венчавка или некој друг важен за вас момент.