Во овие денови, сето она од кое што имаме потреба е топол џемпер и високи чизми. Со малку труд, есенските џемпери, чизми и панталони може да ги претвотите во модерна, топла комбинација.
За почеток, тенките блузи заменете ги со топол плетен џемпер. Тенките хулахопки и хеланки се дозволени само ако носите туника, додека тесните панталони се најдобриот пријател на есента.
Во комбинација со високи рамни чизми, топло палто и плетен шал добивате модерен изглед за секоја прилика.
За да ви олесниме, разгледајте ги нашите модни решенија во галеријата.