Сорин Георгијан Салиниевичи (24) од романско Галатија, ја продава својата невиност за минимални 2000 евра. Имено, толку му треба за да ги подмири неговите долгови и својата понуда ја сфаќа многу сериозно.
Тој студирал, но поради сиромаштијата морал да се откаже од учењето и сега работи како чувар и заработува 150 евра. Поради тоа ова момче веќе го облепил неговиот град со плакати, на кои им порачува на жените дека ноќта помината со него е одличен подарок за Денот на жената.
На плакатот исто така стои: Го правам ова за да излезам од финансиските проблеми, не поради забава. Тие 2000 евра не ми се за тоа. Нема да се согласам на помалку.
Но и тој има свои услови: Не треба да е претерано убава, но жената која ќе му ја одземе невиноста треба да биде искрена, нормална и пристојна.
Неговиот пријател Василе Хан открил дека Сорин досега имал неколку врски, но никогаш не ја пронашол вистинската со која би отишол до крај.
Тој сексот го сфаќа многу сериозно, а тоа што ја дава својата невиност на продажба говори многу за сериозноста на неговата финансиска ситуација, во која се најде, вели пријателот.
Тој веќе добил понуда од една 29 годишна девојка од Букурешт, но тој ја одбил бидејќи му понудила само 1.125 евра.
https://www.youtube.com/watch?v=AFaUmEQ1YqE