Може ли еден суперспортски егзотичен автомобил, каков што е Ferrari 458 Italia, да одржи чекор со монструмот на две тркала, каков што е Suzuki GSX1300R Hayabusa?
Веднаш на почетокот, веројатно сите го знаеме одговорот на тоа прашање… или пак не е така? Дури и кога е во прашање сериската верзија на Suzuki GSX1399R Hayabusa, Ferrari 458 Italia не би имал шанси против него, бидејќи со 200 коњски сили, Hayabusa едноставно е пребрза за Ferrari, со просечно време на ¼ милји од околу 10 секдунди.
Што пак да речеме за овој монструм, кој има турбо полнач, продолжено меѓуосовинско растојание, а според податоците, ослободува 300 коња, што може да се каже скоро двојно во однос на серискиот модел (174 KS). Но, тука е веројатно интересно да се види колку навистина мотоциклот е брз и како со неверојатна брзина исчезнува во далечината, дури и кога сето тоа се снима од егзотичен суперспортски автомобил, каков што е Ferrari 458 Italia! Ваквиот монструм „за појадок“ го јаде и Nissan GT-R Alpha!