Приказна од холивудска трагикомедија е животот на 35-годишниот Британец Џејсон Харвуд од Гримбси. Тој наскоро ќе мора својата поранешна сопруга Лиза Годард да ја нарекува – мама! Секако, ако воопшто ќе сака да разговара со неа, со оглед на тоа што од сите мажи на овој свет за следен сопруг го одбрала неговиот татко Џон (74).
Иако своевремено се сомневал дека тие двајца нешто му прават зад грб, Џејсон за тој брак дознал дури неодамна кога дошол да му честита на татко му за веридбата, притоа не знаејќи дека тој ќе се венча со неговата поранешна сопруга.
„Десет минути откако ми го призна тоа, Лиса влезе во собата и ми рече да се навикнам на тоа дека наскоро ќе ми биде маќеа. Тоа што го прават тие двајца е погрешно“, изјавил Џејсон Харвуд за „The Sun”, па раскажал една ситуација од минатото кога му се причинило дека нешто не е во ред.
„Тој ден се упатив кон Мекдоналдс да ѝ донесам милкшејк, но по пат сфатив дека не знам каков вкус сака па неочекувано се вратив назад во станот. Кога влегов дома, таа лежеше на креветот без гаќички, а татко ми седеше недалеку од неа со раскопчани пантолони“, раскажал Харвуд, кој тогаш почнал да собира 2 и 2.
Имено, многу се налутил и го избркал својот татко од станот каде што тие тројца живееле заедно, но недолго после тоа останал сам затоа што Лиса одлучила да замине по свој пат.
Џејсон и Лиса се венчале во 2000 година, но тој брак бил со краток век затоа што се` паднало во вода само осум месеци подоцна.
Лиса официјално била член на семејството до 2003 година, затоа што тогаш официјално бил завршен бракот, а сега ѝ се пофалила на поранешната сопруга на Џон, Шерон (54), дека повторно ќе стане дел од семејството.
„Ужасната сум. А за Џон и онака немам зборови, освен дека беше ужасен татко“, рекла Шерон, инаку мајката на Џејсон.