На Гугл се обиделе да дознаат како се ограбува банка и завршиле во затвор

popara2 април, 20151min00
google

Коди (33) и Аманда Дејвис (31) одлучиле да се преселат во Колорадо само еден ден откако Коди во родниот Тексас останал без работа. Ова го одлучиле, се вели во извештајот на полицијата, затоа што во Колорадо е легализирана марихуаната која на Аманда и е потребна за лекување на стомачните проблеми.

google

Во средината на март седнале во автомобилот и по доаѓањето во таа држава застанале во првото казино да си ја пробаат среќата. Еден час подоцна, двојката Дејвис излегла надвор со наведнати глави и празни џебови.

Селдното утро пристигнале во Денвер. Банкротирани и гладни, тие дошле на идеја дека би можеле да ограбат банка. Ги побарале локациите на сите банки во градот и на крајот се одлучиле да ја ограбат „Great Western Bank“.

Тие на полицијата подоцна и признале дека тоа го направиле затоа што им било доста од сиромаштијата во Тексас, а Коди морал да плаќа алиментација на поранешната сопруга. Сепак, тој се доверил на истражителите дека банка никогаш не би ограбил, и дека на тоа го наговорила неговата девојка.

А токму таа влегла во банката и на банкарот му предала парче хартија со порака да ја „наполни торбата“. Тој тоа почнал и да го прави, а потоа извикал на глас дека во тек е грабеж, пишува USA Today.

Аманда во паника истрчала надвор, влегла во автомобилот, а неколку километри понатаму полицијата им ги дупнала гумите и ги фатиле со пленот. Мал плен, поточно речено.

Тие успеале да украдат 597 американски долари. Какви „аматери“ се во прашање, полицијата сфати по прегледот на мобилниот на Аманда. Само неколку минути пред грабежот таа по пат на Гугл се обидела да дознае како се ограбува банка и како да се избега потоа од полицијата.

Двојката се обвинети за заговор и грабеж, а Коди и за опасно возење.