Насмеани, распеани, разиграни и весели…учесниците на НА ИСТА АДРЕСА знаат како да си го разубават денот, а нам да ни покажат нешто што можеби сме го подзаборавиле.
Тие буквално го уживаат секој момент заедно, а нивната харизма и начинот на кој ја пренесуваат позитивната енергија не не остава рамнодушни.
Како една од активностите, вчеравечер беше дебатата на тема: ПОП vs. НАРОДНА музика, а нашите креативни учесници беа поделени во два спротивставени тима.
Беше навистина инспиративно да се гледа како успеаа да не убедат дека нема погрешен музички правец, се додека веруваш во тоа што го работиш и си роден со ѕвезда за Sвезда.
Заради нивната соработка и умешноста дебатата да ја сведат на позитива, двата тима беа наградени со посета на фитнес центар, а ние гледачите бевме наградени со одлични изведби на нашите изворни македонски песни: “Македонско девојче” и “Мајка на Марика думаше”, како и евергринот на нашиот Тоше: “Излажи ме уште еднаш”.
Не пропуштајте ги денешните добропознати термини на НА ИСТА АДРЕСА на Алфа ТВ.