На ќерките им оставил 20 милиони долари, но за да можат да ги трошат имаат неколку услови!

popara3 август, 20151min00
12

Милионерот од Менхетн Морис Лабоц оставил прилично големо богатство за своите ќерки, но тие нема да ги добијат тие пари така лесно.

Викторија и Марлена Лабоц наследиле секоја по 10 милиони долари, но за да ги добијат парите, нивниот татко оставил одредени услови.

Целиот износ можат да почнат да го користат на 35 години. Ако 21 годишната Марлена и 17 годишната Викторија сакаат дел од парите да почне да им се исплаќа порано, ќе мора да исполнат некои од условите на својот татко.

Па така, на пример, Марлена може да добие пола милион долари ако се венча, но само под услов нејзиниот иден сопруг да потпише договор со кој ветува дека нема да ги троши нејзините пари.

Сума од 750.000 долари ќе добие ако заврши факултет и во краток есеј образложи што планира да направи со парите.

Двете ќерки ќе добијат три пати поголем износ ако би работеле на добри работи до 2020 година. АКо имаат деца и не би работеле, годишно ќе добиваат по 3% од вредноста на своето наследство.

Брајан Есер, адвокат за недвижнини, наведува дека во ваквите случаи всушност се работи за контрола. Родителите, бабите и дедовците на тој начин сакаат да исконтролираат што ќе се случува кога тие ќе починат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag