
Фудбалерот на англискиот нисколигаш Клитеро, Џеј Харт заработи отказ бидејќи имал секс со навивачка на клупата за резервни фудбалери.
Неговиот тим на домашен терен загуби со 4:1 од Мослеј, а овој полупрофесионален фудбалер по мечот на клупата за резервни фудбалери имал секс со анонимна навивачка на клубот, но не знаел дека бил снимен од неговите соиграчи со мобилен телефон.
Откако снимката се проширила на социјалните мрежи, пред да биде избришана, ја видело и раководството на клубот по што одлучиле да му врачат отказ на Харт.
-Секој играч на Клитеро го претставува клубот и очекуваме одредено ниво на однесување и дисциплина. Ова не е нешто такво, изјави портпаролката Ана Баркер.

По сето ова се огласи и самиот фудбалер, кој инаку е татко на две деца.
-Потполно жалам за мојата постапка. Малку испив и помислив дека сум се сокрил од туѓите погледи, изјави Харт, а пренесуваат англиските медиуми.