Трејси Кокс смета дека на прашањето за сексуални партнери никој не би требало да даде одговор. Таа објаснува и дека таа бројка не значи ништо доколку не се знаат околностите.
“Не е добро целата ваша сексуална историја да се сведе на бројка”, вели Трејси Кокс.
“Неодамна интервјуирав три жени за потребите на книгата на која работев. Сите беа на возраст од околу 30 години. Првата спиела со 26 мажи, втората со четири, а третата со осум. Не е тешко да погодите која од овие три партнерот најмногу ќе ја осудува. Но дали таа навистина била најпромискуитетна од сите три? Еве уште неколку информации. Девојката која имала 26 сексуални партнери во просек имала два сексуални партнери годишно од свои 17 години и најчесто била сингл. Девојката која спиела со осум сексуални партнери, само со четворица од нив спиела за време на еден ист викенд на одмор, додека нејзиниот тогашен сопруг бил дома со децата. Девојката која имала четири сексуални партнери имала секс во тројка со двајца која ги запознала во клуб. Со нив имала секс во соседната уличка. Тогаш имала 18 години и себе се опишува како “диво дете”. Што мислите сега после овие информации?!”, вели Трејси.
“Луѓето ќе ве осудуваат без оглед на тоа за колкава бројка станува збор кога ќе им одговорите на прашањето и претпоставките кои ќе ги имаат најчесто се погрешни. Без оглед на тоа кој ќе ви го постави тоа прашање, партнерот, мајката, најдобрата пријателка или козметичарката – не би требало да одговорите. Единствен исклучок се вашиот терапевт и гинеколог. Кога ќе ја изговорите таа бројка, тоа е само бројка, без емоциите и околностите. И немојте да се залажувате – ќе ви биде судено и тоа не по истите стандарди по кои луѓето си судат самите на себе”, советува Трејси.