На социјалните мрежи завладеа уште еден опасен тренд – уметност од изгореници од сонце

popara7 јули, 20152min00
1

Кога се оди на одмор секогаш се понесуваат основите работи. Едно од поважните работи е и  носењето на заштитна крема за сончање. Но, се чини дека некои се откажале од тоа правило. На социјалните мрежи завладеа уште еден опасен тренд – уметност од изгореници од сонце.

Под хаштаг #sunburnart, на социјалните мрежи се шират фотографии од изгореници од сонце кои потсетуваат на вистински цртежи на кожата. Тие настанале така што еден дел од кожата е заштитен од сонцето со крема со висок фактор на заштита или парче ткаенина, а другиот дел е изложен на директно влијание на сонцето.

Оној дел кој бил покриен или заштитен останува бел, додека кожата која била директно изложена на сонце станува темна или црвена и воспалена. За тетоважата од изгореници од сонце да „успее“, оние кои го следат овој тренд долго време се сончаат.

Експертите ширум светот се против овој тренд, кој го нарекуваат опасен и непотребен.

„Очигледно е дека изгорениците од сонце прават две работи: предизвикуваат дамки, пеги и брчки, но исто така предизвикуваат и рак на кожата“, вели дерматологот Кенет Барни.

 

Кенет вели дека трендот на уметнички изгореници од сонце е уште поопасен од обичното сончање затоа што луѓето можат да бидат во искушение да останат подолго време на сонце за да добијат повидлива разлика во бојата, а со тоа и поочигледна слика.

Според Cancer.org, во 2015 година би можеле да бидат откриени нови 73.000 случаи на рак на кожата. Носењето крема за сончање може да го спречи ракот на кожата и прераното стареење.

Затоа, задолжително носете крема за сончање и кажете му „не“ на овој опасен тренд.