Најактуелниот спортски предлог на Ford

popara4 септември, 20151min00
02

Оние кои сакаат да се здобијат со најактуелниот спортски предлог на Ford – супер моделот GT, ќе треба да поминат низ специјална анкета за одобрување на нарачката.

 

Овој посебен систем ќе стартува во почетокот на следната година и ќе определи кој ќе има право да стане сопственик на машината. Голем приоритет ќе уживаат лојални клиенти на Ford, а особено голема можност да добијат право да купат автомобил, ќе имаат сопствениците на претходната генерација GT.

Главната цел на овој систем ќе биде да продаде примерок од возилото на луѓе кои навистина ќе го користат и ценат моделот, а не на шпекулативни препродавачи, кој ќе гледаат само профит и заработка.