Volkswagen на својот Worthersee собир повторно ги израдува своите Golf фанови, претставувајќи го концептот за Golf GTE Sport, кој дискретно го најавува и новото Scirocco.
Традиционалниот собир на овој германски гигант на езерото Worthersee започна оваа недела, а сите присутни беа изненадено од целосно новиот концепт кој го претстави Volkswagen.
Автомобилот всушност е plug-in хибрид по концепцијата за погон, така што покрај 1,6 литарскиот турбо бензинец „позајмен“ од Polo R WRC тркачкиот автомобил од 300 KS, Golf GTE Sport поседува и два електромотори, по еден за секоја осовина.
Вкупната сила на системот е дури 400 коњски сили (KS) и уште поимпресивно 670 максимален вртежен момент (Nm), што е доволно за Golf GTE Sport, опремен со 6-степен DSG менувач, до 100 km/h да стигне за 4,3 секунди, додека максималната брзина изнесува 280 километри на час.
Volkswagen официјално ја декларираше просечната потрошувачка на само 2,0 литри на 100 поминати километри, а автономијата користејќи исклучиво електрична енергија од литиум-јонските батерии изнесува околу 50 километри.
Инаку, поголемиот дел од каросеријата е изработена од јаглеродни влакна, а Golf Sport е карактеристичен по вратите кои се отвораат на горе, слично како спортскиот концепт на Volkswagen, XL1.
Ентериерот очекувано е во изразен спортски стил кој е дополнет со футуристички управувач, во стил на чистокрвните спортски автомобили.