
Време е да ги откриете решенијата за 14-те најчести грешки и проблеми во шминкањето:
1. Не ги тестирајте пудрите на лицето. Лицето е најизложено на сонце, па заради тоа може да е нијанса потемно од останатите делови на телото. Затоа и најчесто бирате потемна пудра отколку што треба. За да ја решите оваа заблуда, тестирајте ја пудрата на вратот. Втријте ја благо и ако совршено се слее со бојата на кожата, таа е пудрата која треба да ја купите.

2. Не нанесувајте коректор пред пудрата. Така само ќе го избришете неговиот ефект кога ќе нанесете течна пудра.

3. Ако нанесувате пудра со четка или сунѓерче, правете го тоа со тапкање. Во спротивно, секое лизгање на четката по кожата ќе ви остави линии и траги.

4. Не го користете истиот коректор за покривање на подочниците и мозолчињата. Коректорот за под очи често пати е нијанса посветол, па така само ќе го истакнете мозолчето. Наместо тоа, користете кремаста пудра со матирачки ефект.

5. Не користете коректор за покривање на дамките и лузните од акни. Наместо тоа ставете слој течна пудра, малку коректор и пудра во прав за да го фиксирате ефектот.

6. Коректорот под очите не го нанесувајте во вид на полукруг. Подобро нацртајте триаголник, па размачкајте.

7. Ако имате масна Т-зона, по шминкањето задолжително истапкајте со парче мека хартија. Инаку пудрата ќе ви свети.

8. Ако имате масна кожа, никогаш не користете седефасти сенки и бронзери. Не ви треба дополнителен сјај.

9. Бронзерот се нанесува исклучиво со движење во облик на „тројка“, како на сликата. Никогаш не нанесувајте бронзер на целото лице.

10. Не ги пополнувајте веѓите со иста количина на сенка или моливче. Прво расчешлајте ги, па пополнете го почетокот, а краевите би требало да бидат понежни. На крај завршете со чешлање на веѓите со четка од стара маскара.


11. Не ја „пумпајте“ маскарата. Со самото внесување на воздух во внатрешноста ризикувате создавање на нови бактерии.

12. Не го развлекувајте окото за да направите шпиц со тушот. Наместо тоа нанесете права линија, па обликувајте со влажна чепкалка за уши.

13. Не нанесувајте црно моливче по работ на целото око и во внатрешноста. Откако ќе го исцртате горниот капак, нанесете кафено моливче на долниот раб.

14. Не го бришете карминот ако не сте ги дефинирале рабовите на устата. Помогнете си така што ќе ја исцртате устата со течен коректор и ќе растапкате со четка или сунѓерче.
