Најди сила за да му го завртиш грбот и тогаш најсилно ќе го почуствува твоето отсуство

popara8 декември, 20151min00
1

Прекрасни мудри мисли кои ќе ве мотивираат, ќе ви отворат тема за размислување, ќе ве дигнат од депресивното дно. Прочитајте, верувајте ова нема да биде уште еден од оние текстови за кои велиме дека биле залудно потрошено време…

* Жените се како јаболката. Највкусните се горе на врвот од дрвото. Мажите не сакаат да се качуваат на високо, од страв да не паднат и наместо тоа ги собираат паднатите јаболка од земјата, кои не се толку добри но затоа се лесно достапни. И затоа јаболката на врвот си мислат дека нешто со нив не е во ред, и покрај тоа што се прекрасни!

* Една жена може така да те прати по ѓаволите, па да го чекаш патувањето со нетрпение.

* Жените не ги прават мажите глупаци, повеќето од нив одлично се справуваат со таа задача и сами.

* Вистински ме запознаваат само луѓето за кои мислам дека има смисла, а за останатите сум едноставно тоа, што го гледаат.

* Факт е дека животот е тркало кое постојано се врти. И затоа знам дека после некое време можеби вие ќе бидете на дното, а јас ќе бидам човекот кој од високо ќе ве гледа, како што денес вие ме гледате мене.

* Силно сакам! Тешко простувам! Лесно полудувам! Гадно повредувам! Рано или касно се добивам!

* Некои луѓе се како 1 денар, со две лица и ништо не вредат!

* Интригата е сила на слабите!

* Еден ден кога ќе страдаш така, како што страдам јас сега, а тој ден ќе дојде, порано или подоцна, Господ да ти е на помош!

* Подобро со искреност да спечалиш стотина непријатели, отколку со лицемерие, десетина пријатели.

* Каков пријател е оној што те турка во калта и после те прашува зошто си валкан?

* Додека вистината ги облекува чевлите…лагата може да го заобиколи целиот свет!

* Се трудам да ме добиваат многу тешко, за да ме ценат доволно кога ќе ме имаат! Ако е многу лесно – не е интересно!

* Вистината боли, но тоа не значи дека лагата лекува!

* Секогаш ќе има луѓе кои ќе зборуваат против мене, но тоа се луѓето, за кои нема и никогаш ќе нема место во мојот живот.

* Не е важно што ти зборуваат зад грб. Важно е кога ќе се свртиш, сите да молчат!

* Успешен маж е оној што може да ги задоволи сите желби на една жена, а успешна жена е онаа што може да најде таков маж.

* Ако зад секоја курва застанат мажите кои и помогнале да се збогати, мислам дека толпата ќе биде поголема и од концерт на Металика.

* Подобро да си кучка во очите на мажите, отколку играчка во нивните раце!

* Силна сум, зошто ги знам моите слабости. Убава сум зошто ги знам моите недостатоци. Не се плашам, зошто знам како е да се живее во страв. Постапувам мудро, зошто знам како е да те прават глупак. И се смеам, зошто знам дека не ми прилега тагата…

* Понекогаш, ако не и секогаш, за да почне некој да се интересира за тебе, треба ти да престанеш да се интересираш за него!

* Само децата плачат и само Бог простува вистински. Ако ме повредиш, јас нема да плачам, не сум дете, но нема и да простам, не сум Бог!

* Имаше луѓе кои го видоа најдоброто во мене и ме предадоа, но имаше и такви кои го видоа најлошото во мене и останаа!

* Твојот однос кон мене, ги одредува моите чувства за тебе!

* Јас сум сето тоа, можеби и нешто повеќе, не знам, но знам дека ЈАС не сум за слабите мажи! Јас сум лесна за лесните и тешка за тешките! Јас сум вистинска жена!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag