Убаво обликуваниот задник и нозе најчесто се дел од телото кој жените сакаат да го средат, а со секојдневно повторување на овие едноставни вежби само за два до три месеци резултатите ќе бидат повеќе од очигледни.
Ако сакате ова лето да импресионирате со својот задник, приклучете ни се во тренингот за супер задник.
Откријте кои се омилените вежби на Ким Кардашијан за подигнат, тркалезен и прчест задник во следново видео:
Режимот на вежбање на ангелите на Victoria’s Secret не е лесен, но е исклучително ефикасен. Обликувањето на задникот се темели на вежбите кои се изведуваат на под, а имаат елементи на пилатес и аеробик.
Основата на секоја добра вежба за задникот се сквотовите, кои можете да ги надополните со разни чекори. Како правилно да го направите тоа погледнете во видеото кое се темели на петдневен план за обликување на задникот.
httpv://www.youtube.com/watch?v=ZhQsXN-Ng8E
Тежината го зголемува интензитетот на вежбите, а за уште подобри резултати додадете оптоварување на нозете и рацете.
Пилатес вежбите за задникот и бутовите се изведуваат со нешто поспор интензитет, но со повеќе повторувања, а задолжително вклучуваат загревање кое спречува можност од повреди.
За оние кои покрај обликувањето, сакаат и да го намалат обемот на својот задник и нозе, идеални се пилатес вежбите на под.
Фитнес тренерката Алисија Мари открива дека вежбите за задник треба да се приспособат на вашиот тип на задник. Постојат четири основни облици, а кој е најдобар тип на вежби за вас погледнете во видеото.
Покрај големината и обликот, чест проблем е и насобирањето на целулит. За да го намалите и отстраните потребни се вежби со побрз интензитет.
Ако вежбате во теретана, со помош на разни направи и затегнување можете да ги добиете посакуваните резултати.