Најдобриот лек против импотенција не е Вијагра

popara7 август, 20151min00
2

Нема сомнеж дека пронаоѓањето на PDE-5 инхибиторите како вијагра, го преродија животот на бројни мажи, но оваа терапија не е секогаш најдоброто решение, истакнуваат специјалистите.

Професорот Џефери Хакет, специјалист за сексуално здравје во болницата „Good Hope“, во Бирмингем, смета дека Вијаграта не им помага на најмалку половина пациенти, бидејќи главен причинител на ерективната дисфункција е ниското ниво на тестостерон во крвта.

Тестостеронот е одговорен за енергијата, либидото и сексуалната функција на мажите, а воедно e од важност за одвивање на бројни процеси во организмот.

Го произведуваат претежно тестисите, а неговото ниво започнува да опаѓа после 40-та година од животот.

Во минатото инекции за тестостерон им биле препишувани само на пациенти кои што имале абнормално ниско ниво на тестостерон, поради ретка вродена медицинска состојба, тумор на мозокот или оштетувањa предизвикани од хемотерапија.

Денес, голем број експерти сметаат дека бројните симптоми кои носат пад на тестостеронот, како намалено либидо, ерективна дисфункција, слабост и лошо расположение, можат да бидат ублажени со заменска терапија на тестостерон, во вид на инекција .

„На сите мажи со овој проблем, би требало да им биде измерено нивото на тестостерон. Доколку е ниско, би требала да се препише соодветна терапија“, наведува Хакет.

Доктор Малком Карутерс од Центарот за здравје на мажите, го дели истото мислење.

„Вијаграта може да делува, макар и на кратко, но како што нивото на тестостерон паѓа се повеќе, ерективната дисфункција повторно се враќа. Соодветна терапија во тој случај би бил тестостеронот“, истакнува Карутерс.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag