Најефикасниот трик за совршено чисто лице

popara15 април, 20151min00
14

Кожата на лицето е невозможно совршено да го исчистите со препаратите за чистење и нега, но затоа тука е парење на лицето, престара метода за нега која ние скоро целосно сме ја заборавиле.
Руска водителка на MTV- Анита Бхоумик нѐ потсети на методот со парење на лицето, заради кој има совршено чисто лице.

„За да ги отворите порите, ставете ја главата под пешкир и над врела вода на неколку минути. Но бидете внимателни, не смеете да се изложите премногу за да не си го изгорите лицето. После тоа исчистете го лицето. Резултатот е многу поголем затоа што порите ви се отворени“, објаснила водителката.

Парење на лицето, и покрај технологијата и препаратите, дефинитивно се задржал како многу важен метод на нега, а го користеле и старите Римјани.

Придобивките се многубројни- ги отвара порите, помага против појава на акни и проблематичен тен и ја подобрува циркулацијата.

Затоа, во растојание од најмалку две недели, исчистете го лицете со парење и тоа на следниот начин:

Лицето најпрво исчистете го од нечистотиите и шминката на вообичаениот начин. Сварете ја водата во поголем сад и над неа ставете го лицето (секако, не преблиску за да не се изгорите). Преку глава ставете поголем пешкир и така стојте неколку минути. Ако сакате, водата можете да ја „зачинете“ со некој смирувачки чај, како камилица. Потоа измијте се со обична ладна вода и нанесете крема.

Внимавајте! Ако боледувате од розацеа, кожата ви е склона на црвенило или имате истакнати капилари, немојте да го применувате парење на лицето. Исто така, ако за време на парењето имате било какви непријатности, прекинете ја постапката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag