Најмил кран за да го гледа натпреварот на кој имал забрана да присуствува

popara18 мај, 20151min00
Најмил кран за да го гледа натпреварот на кој имал забрана да присуствува

Хамит Ишик, турски фудбалски тренер, докажа дека кога се сака, се може.

По конфронтацијата со еден фудбалски судија, Професионалната фудбалска дисциплинска комисија го казни тренерот на турскиот третолигаш Корум Беледивеспор со 285-дневна (9.5 месеци) забрана за присуство на натпреварите на својот клуб.

Ова требаше да значи дека Ишик ќе мораше да ја пропушти првата фаза од исклучително важниот плеј-оф т.е. натпреварот со Дарсиа Генклербирлиги. Но, наместо тој да го проследи натпреварот од удобниот кауч во својот дом или хотелска соба, Ишик реши да ја надмудри комисијата, изнајмувајќи кран.

Па така, тренерот имаше можност да го гледа натпреварот на своите фудбалери од платформа поставена малку повисоко од трибината на стадионот без да биде присутен на натпреварот – технички.

Додуша, фудбалерите не го оправдаа неговиот труд, а натпреварот заврши нерешено, без голови. Сепак, Ишик беше еден од малкуте што имаа среќа да го следат натпреварот во живо, бидејќи се играше „зад затворени врати“, како последица на неодамнешните дивеења на навивачката публика.

https://www.youtube.com/watch?v=-vAFfG-sY1w

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag