Еден од последните лондонски порно кина, Клуб 487, служи и како свингерски клуб за парови кои сакаат сомнителни места. Еден од тие парови се Верн и Мелиса. Верн, имено, ужива да ја гледа својата жена за време на сексот со непознати мажи, а притоа не сака да учествува во „акцијата“.
Мелиса е весела, гласна русокоса која ужива во сексуалните искуства со многу мажи во разни лондонски свингерски клубови и тоа пред нејзиниот сопруг. Верн е пристоен тип во доцни 40-ти години. Во брак со Мелиса е повеќе од 20 години, од кои 15 ги поминале во свингање, пишува авторот Џон Лукас.
Во порнографското кино, Клуб 487, постојат приватни сепариња во кои се сместуваат паровите кои ги разменуваат своите партнери. Во случајот на Верн и Мелиса, таа е единствената која активно учествува во „акцијата“. Тој е сосема задоволен кога седи од страна и ја гледа својата жена во текот на сексот со бројни мажи.
Дали навистина го возбудува гледањето? Верн вели дека на почетокот му било тешко и дека по првиот пат бил многу љубоморен. Но, веќе со долго искуство, се заљубил во своето ново хоби.
– Другиот беше добар тип, пристоен, разговараше со нас. Ни се допадна, беше во ред, возбудувачки, вели Верн.
Во текот на 15 години, Мелиса била со многу мажи, признава Верн и додава дека е „добра девојка“.
– Овде ни е добро, бидејќи знаеме дека големиот број на мажи ќе дојдат, а Мелиса сака да биде со многу мажи, вели Верн и признава дека нема секс со други жени бидејќи за тоа нема потреба.
Верн и Мелиса, своето доаѓање во таквите „диви“ свингерски клубови го најавуваат преку проверени интернет страници, па Мелиса се опушта во текот на сексот со мажи кои ќе се отповикаат на нејзината покана.
Во разговорот се вклучил и еден од посетителите, кој прокоментирал за Мелиса:
– Бев со неа пред половина час, рекол едниот, додека друг маж на Верн му честитал дека има „добра љубовница“.