Жизел е кралица во модниот свет и бренд кој носи милиони. Долгоногата Бразилка повторно застана на врвот на листата на најплатени модели на списанието „Форбс“.
И покрај тоа што се пензионира од модните писти, 35-годишниот супермодел продолжува да заработува одлично, благодарение на договори со модни куќи како Шанел, Емилио Пучи и Каролина Ерера и компании како Under Armour. Освен тоа, таа поседува дел од познатата бразилска компанија за обувки Grendane, а има и своја линија за долна облека.
Веднаш зад Жизел се Кара Делавин и Адријана Лима со иста заработка. Во продолжение погледнете кои модели имаат највисока заработка.
ЖИЗЕЛ БУНДХЕН
44 милиони долари
КАРА ДЕЛАВИН
9 милиони долари
АДРИЈАНА ЛИМА
9 милиони долари
ДАУЦЕН КРУС
7,5 милиони долари
НАТАЛИЈА ВОДЈАНОВА
7 милиони долари
МИРАНДА КЕР
5,5 милиони долари
ЏОАН СМОЛС
5,5 милиони долари
ЛАРА СТОУН
5 милиони долари
АЛЕСАНДРА АМБРОСИО
5 милиони долари
КЕНДИС СВАНАПУЛ
5 милиони долари
КАРЛИ КЛОС
5 милиони долари
КАРОЛИН МАРФИ
4,5 милиони долари
КЕЈТ МОС
4,5 милиони долари
На листата следуваат и Лиу Вен и Дарија Вербови со по 4,5 милиони долари, Кендал Џенер со 4 милиони долари и Хилари Рода, Џордан Дан, Кејт Аптон, Ања Рубик иЕдита Вилкевичиуте со по 3,5 милиони долари.
Вкупна заработка на моделите кои се најдоа на листата е 147 милиони долари. „Форбс“ ги зеде предвид заработките на убавиците во периодот од јуни 2014 до јуни 2015.