Третата деценија од животот е страшно мудра. Како што ѝ се приближувам, сè повеќе им се посветувам на мудростите. И тоа на оние кои само мојот мозок ги заклучува, а не на оние добро познати клишеа.
Ако ме прашате што научив од животот до сега, сосема спонтано, случајно, ненамерно, ова е мојот одговор:
1. Никогаш не се извинувај ако искрено не жалиш за тоа.
2. Препрочитувај ги мејловите пред да ги пратиш. Потоа, прочитај ги пак.
3. Работите обично не се остваруваат заради добра и издржана причина. Верувај му на универзумот.
4. „Секогаш биди учтив.“ Ако е доволно добро за Мајка Тереза, тогаш добро е и за тебе.
5. Држи ја вратата отворена – и буквално и фигуративно.
6. Луѓето кои ти се јавуваат само во 1 часот по полноќ никогаш не вредат, ниту некогаш вределе во твојот живот.
7. Ако не можеш да се насмевнеш самиот на себе, биди подготвен за долг и здодевен живот.
8. Никогаш нема да го имаш истото тело повторно. Не го „троши” неразумно.
9. Животот е еден голем неред, а ти треба да научиш да се снајдеш.
10. Ако мислиш повеќе од 30 секунди пред нешто да кажеш или напишеш, најверојатно не треба да го кажеш или напишеш.
11. Секогаш имај 5-годишен план!
12. Не ги руши мостовите кои си ги поминал. Светот е помал отколку што мислиш.
13. Секако ќе се покаеш. Само погрижи се да не е за едната иста работа, повеќе пати во животот.
14. Затвори ја устата и отвори ги очите!
15. Не мораш да имаш деца, ако не сакаш. Не мора да купиш куќа и да се венчаш, како што сите очекуваат. Создавај сопствени правила.
16. Деталите секогаш се важни. Многу, многу важни.
17. Ако не сакаш некој да те открие, тогаш не го прави тоа од што утре ќе се плашиш.
18. За жал, работите секогаш може да станат полоши.
19. Верувај му на гласот во главата. Верувајте им на инстинктите. Верувај му на секое чувство кое те обзема.
20. Ако треба да одбереш помеѓу патување и штедење пари, одбери патување. Секогаш одбери патување!
21. Ако можеш да го пронајдеш прашањето на Google, тогаш воопшто не го поставувај.
22. Никогаш нема да бидеш целосно одморен. Помири се со тоа.
23. Верувај во нешто поголемо од тебе – карма, правда, универзум. Само верувај!