Instagram секој ден е побогат со нови профили, меѓу кои секогаш можеме да најдеме еден кој ќе нè инспирира во различни сегменти од нашиот живот. Еден од тие сегменти е и одржувањето во форма и здравиот начин на живот, па доколку не можете да се натерате себеси да започнете да вежбате, ние ви предложуваме да започнете да ги следите овие кралици на фитнесот на Instagram, бидејќи сигурно ќе ви ја дадат потребната инспирација.
Џен Селтер
Да, оваа девојка има со што да се пофали, а доказ е тоа што медиумите освен што ја нарекуваат „жената со нај задник во светот“, велат дека Џен е најсериозна конкуренција на задникот на Ким Кардашијан по убавина и облина.
Селтер започна да објавува фотографии во 2013-та година, а кога нејзиниот Instagram профил ја помина бројката од 300.000 следбеници, доби понуди за соработка од бројни познати спортски брендови. Џен Селтер успеа и да ја импресионира и Ријана, која се наоѓа меѓу нејзините обожавателки.
– Луѓето кои се занимаваат со финтес не сакаат да го гледаат моето лице. Сакаат да ги видат моите нозе и задникот, како и резултатите кои по секојдневното вежбање се гледаат на моето тело, вели Селтер.
Таа ниту самата не може да верува дека има близу пола милион следбеници на Instagram.
Мишел Левин
Мишел (29) е по потекло од Венецуела, а познато е дека оваа држава ги „крие“ едни од најубавите жени на планетата. Додека мажите ја посакуваат, жените пак сакаат да изгледаат како неа. Пред неколку години, на 27-годишна возраст започна да се занимава со фитнесот и многу брзо се стекна со популарност во САД, каде стана една од најценетите фитнес модели.
Наградата за целиот труд стигна во вид на насловна страница на Playboy, со што нејзината популарност само порасна. Ако мислите дека Мишел не се симнува од справата за вежбање, се лажете, бидејќи во својот план на вежбање таа одмара четврток и недела, а покрај тоа што вежба, таа внимава и на исхраната.
Јована Вентура
Јована Вентура има само 20 години, се занимава со финтес моделинг, но она што ја прави посебно привлечна се нејзините секси фотографии кои секојдневно ги објавува на својот Instagram профил. Нејзиниот профил го следат повеќе од два милиони луѓе, на кои покрај провокативните фотки можат и да се видат провокативни снимки од теретана.
Таа привлече големо внимание од медиумите, а во средината на минатата година американските новинари ја поврзаа со тинејџ ѕвездата Џастин Бибер, но потоа тие шпекулации не беа потврдени. Таа својот приватен живот успешно го крие од јавноста, која сепак ја критикува дека е многу млада за она што го објавува на Instagram.
Кејтлин Рајс
Американката Кејтлин Рајс ги полуде мажите со провокативните фотографии. Оваа атрактивна девојка се занимава со фитнес и моделство, а на друштвените мрежи редовно ги поставува фотографиите на кои ги истакнува своите секси облини. Кејтлин има половина милион следачи на Instagram.
Според интернет анкетите, таа се заканува дека ќе ја засени Џен Селтер со цел нејзината позадина да биде за „нај задник во светот“.
Натали Јулинг
Натали Јулинг е професионален тренер со неверојатно искуство во својата професија, па затоа не е ни чудо што нејзиниот Instagram профил е совршено катче за сите љубители на фитнесот и доброто затегнато тело.
Џенет Џенкинс
Џенет Џенкинс е фитнес тренер на многу холивудски ѕвезди, а најпозната е по феноменалните вежби за обликување на стомакот, нозете и задникот кои можете да ги видите на нејзиниот профил.