Ревијата на Версаче го означи почетокот на гламурозната Париска недела на високата мода. Со боемско модно шоу инспирирано од 70-тите години, Донатела Версаче привлече мала армија славни лица.
Наоми Кембел, Ирина Шајк и Роузи Хантингтон-Вајтли мамеа погледи со атрактивни аутфити во различни стилови. 45-годишната Кембел се појави со моќен женски костум со длабоко деколте.
Ирина Шајк избра жолт краток фустан од колекцијата есен 2015 на Версаче.
Роузи Хантингтон-Вајтли храбро го разголи своето тело во проѕирна креација со сексапилна флуидна силуета, која исто така излезе од ателјето на Версаче.
Меѓу гостинките на ревијата беа и Наташа Поли, Карин Ројтфелд, Елена Перминова, Евелина Хромченко, Мишел Родригез, Кристина Базан и Петра Немцова.